ЗА КОНГРЕСОТ

Една од активностите на Платформата за меѓународни источноевропски студии (PIEES)  е организирањето на годишниот научен конгрес. Овој конгрес ќе се одржи во рамките на основните начела на платформата познати под називот CIEES (конгрес на Меѓународни источно европски студии ),. Секој конгрес што ќе се одржи ќе биде во форма на главни теми, под услов истите да бидат од историска перспектива и ограничени на Источна Европа. Во овој контекст за 2019 како главната тема CIEES ја одредил дека темата „Концепти, извори, методологии и уметности во студиите на источноевропските студии“ треба да биде основа за понатамошно работење. Се очекува дека презентациите во овој конгрес ќе бидат во рамките на оваа главна тема. За жал, нема да се земаат предвид презентациите, кои се надвор од оваа тема. Ние очекуваме сите научни работници од општествените науки од Источна Европа да учествуваат во CIEES во 2019 година во рамките на идентификуваните теми.

 

НАСЛОВИ НА ТЕМАТА

Концепти

Основна цел: Идентификување и евалуација на концептите од историјата на Источна Европа.

 

  • Историја
  • Концепти кои се однесуваат на историската географија
  • Филозофија на историјата
  • Концепти кои се однесуваат на економскиот живот
  • Концепти кои се однесуваат на општествениот и културниот и живот
  • Концепти кои се однесуваат на историската географија
  • Концепти кои се однесуваат на културниот и религиозниот живот
  • Концепти кои се однесуваат на религијата и религискиот живот
  • Управни концепти, институции и фондации
  • Меѓународни односи

 

Извори

Основна цел: Идентификување, евалуација и компаративна анализа на изворите на источноевропската историја.

Ќе се дискутираат археолошки артефакти, остатоци, кои припаѓаат на антиката, средниот век и модерната епоха; сите извори на архивски материјали, хроники, патеписни книги, рузнaмиња, мемоари, мапи, современи колекции, статии, весници, списанија кои припаѓаат на секоја епоха.

Во истражувањата и дискусиите за изворите, ќе се споменат и географските – државните фактори, а не само концептот на епохата. Во овој контекст античките држави и јазиците: грчки, латински, арапски, персиски, турски, украински, полски, руски, балкански и сите извори,  коиприпаѓаат на европските заедници, се разгледуваат според концептот на материјалните извори.

Целта е да при во истражувањета на изворите да се идентификуваат јазиците на изворите. Особено во средниот век тоа се: латински, грчки, арапски и персиски јазик, по средниот век тоа се: турски, украински, полски, руски и други јазици, кои ќе бидат сметани како изворен јазик во источноевропските студии.

 

Методологија

Основна цел: Развивање на заеднички методологии и пристапи во пишувањето на источноевропската историја.

Се очекуваат трудови на кои може да се повикуваат методите и изворите во истражувањето на источноевропската историографија. Освен тоа се очекува трудовите да формираат амбиент на теоретска парадигма за начинот како различни школи за пишување на историјата ширум светот може да се користат во источноевропските студии. 

 

Уметност

Основна цел: Евалуација на уметничките творби поврзани со источноевропската историја и уметничкото творештво. 

Се очекува презентациите и работилниците да се одржуваат во контекст на источноевропската историја.